Општина Илинден организира Хуманитарна акција за собирање облека „Да ја покажеме хуманоста на дело“, која што ќе се одржи на 20 и 21 мај 2013 година, во сите населени места во Општина Илинден.
Акцијата ќе се одвива во Домовите на култура во период од 08-20 часот каде што ќе бидат поставени соодветни садови за собирање на облеката.
Хуманитарната помош ќе биде наменета за семејствата соочени со соодветен социјален ризик.
Во минатогодишната акција „Да ја покажеме хуманоста на дело“ беа собрани 15.000 парчиња кои што беа донирани на социјално загрозените семјства од Општина Илинден, во Домот за деца без родители „11 Октомври“, како и СОС Детско село.