Концерт на Македонската филхармонија во Битола

Вечер (вторник, 11 септември) во 20:00 часот во Центарот за култура во Битола, концерт ќе одржи македонската филхармонија, предводена од диригентот Борјан Цанев.

На програмата на Филхармонијата се дела од Моцарт, Бетовен, Хајдн и од македонскиот композитор Сони Петровски. Како солист во „Романсата за соло виолина“ од Лудвиг ван Бетовен ќе настапи виолинистот Владимир Костов.

Инаку овој месец, македонската филхармонија ќе настапи и во Струмица како дел од концертните претставувања на оркестарот низ градовите во Р. Македонија.

You May Also Like