Филмот „Балкон со поглед на море“ се прикажува во Охрид

Центарот за култура Григор Прличев-Охрид, Францускиот институт во Скопје и Кинотеката на Македонија во петок 30-ти Мај 2014 во 20:00 часот во кино-салата на Центарот за култура ќе го прикажат филмот „Балкон со поглед на море“, на режисерката Никол Гарсија.

balkon_so_pogled_na_more

„Балкон со поглед на море“ е драма која критиката уште ја нарекува „трилер на чувства“ или „класична драма на начинот на Хичкок“, во која главните улоги ги толкуваат со оскаровецот Жан Дижарден, Мари-Жозе Кроз и Сандрин Киберлен. Оригиналниот наслов: Un balcon sur la mer, жанр: Драма, времетраење: 92 мин., година: 2010,

Кино-проекциите продолжуваат во деновите 31-ви (сабота) мај, 3-ти (вторник), 4-ти (среда) и 5-ти (четврток) јуни 2014 година.

You May Also Like