Доколку за посетите Зоолошката градина -Скопје во недела (30 септември) од 11 часот, ќе може да се придружите на хуманитарниот настан за Јоце, за да му се даде поддрша и финансиска помош за неговото лекување, 5-тиот третман со пресадување на матични клетки во Москва што треба да се случи кон крајот на октомври.
Можете да ја остварите донацијата преку следниве начини.
Со купување на:
– Рачни изработки од здружението на ракотворци -ДЕНИЦА
– Рачно изработен накит – донација од Ива Урдаревиќ
– Потпишување на книги со писателката Ана Костовска „Бескраен поглед“ и „Бескраен ум“
– Распоред на часови со прекрасни сликички од животни
– Разгледници од Скопје- донација од Виктор Попоски
– Освежување со сокчињата ЦЕДЕВИТА (донација од Атлантик груп)
За најмладите:
– Цртање животинчиња на лице со боички
плус дополнително изненадување 🙂
Дојдете, радувајте се, споделете ја Вашата хуманост за Јоце!
Телефонот за донација е на Т-Мобиле: 070 143 153 ( само за корисници од Т-мобиле оператор) …со еден повик донирате 100 денари.