Хрватско народно казалиште на „МНТ Фест“ со „Медеја“

Хрватско народно казалиште од Загреб ќа настапи со „Медеја“ на  првиот меѓународен театарски фестивал „МНТ Фест“ …

star teatar mnt

Хрватско народно казалиште – Загреб со претставата „Медеја“, во режија на Томаж Пандур вечер гостува на првиот меѓународен театарски фестивал „МНТ Фест“. Почетокот на претставата е во 20 часот на Големата сцена на МНТ. Режисерот Пандур на прес-конференција истакна дека „Медеја“ е нивна хит претстава која живее веќе три години.

– Откривме дека во големата, страшна, трагична приказна се крие нешто што нас и ден денес не возбудува и боли. За тоа имаме потреба нешто да кажеме и на сцена, рече Пандур и додаде дека работи со фантастична актерска екипа.

Во претставата има една иновација, двата сина на Медеја се пораснати. Во претставата има видео дел и употреба на филм. Актерката Алма Прица која ја глуми Медеја истакна дека се работи за фасцинантен лик кој, како што рече, е злосторник и жртва.

– Претставата зборува за едно страшно злосторство кое се случува поради недостиг на љубов. Во неа има бес, омраза, а сепак е полна со љубов и со страст, рече Прица.

Во „Медеја“ покрај Алма Прица играат Дамир Марковина, Романо Николиќ, Ливио Бадурина, Бојан Навојец… Актерската екипа посочи дека претставата ја подготвувале со многу љубов.

Досега „Медеја“ гостувала во Пула, Дубровник, Ријека, Љубљана, Марибор…

You May Also Like