Кои деца се подобри на училиште?

Се разбира, оние кои што се наспале! 🙂 …малите, кои се наспани квалитетно (минимум 9 часа) се однесуваат помирно, се нагласува во ново истражување, пренесено од Си Ен Ен (CNN).

Педијатрите велат, дека децата во основно училиште кои се ненаспани, многу побргу губат контрола над емоциите, раздразливи се и почесто плачат.

Во анкетата учествувала поголема група деца, на возраст меѓу 7-11 години. Првите пет ноќи половината од нив спиеле по девет часа, а на другите сонот им бил скратен за еден час.

Резултатите покажале дека, однесувањето на по-наспиените деца е помирно, по-сталожено и неконфликтно, за разлика од втората група која спиела 60 минути помалку.

Според нови сознанија на Американската асоцијација за педијатрија, децата на возраст меѓу 5 и 12 години имаат потреба од 10-11 часа сон во едно деноноќие.

Л.Ѓ.

You May Also Like