Вечерва, (среда, 13 февруари), во Културно-информативниот Центар на Р.Македонија во Софија, со свој концерт ќе се претстави Македонка Ичева, апсолвент на Музичката Академија во Скопје-отсек класична гитара.
Ичева пред публиката во Софија ќе се претстави со одбран класичен репертоар за класична гитара.
Во рамките на Меѓународниот саем за туризам, што ќе биде отворен на 14 Февруари во Софија, Македонка Ичева на македонскиот изложбен штанд ќе се претстави со обработка на грст убави македонски песни.
Гостувањето на Македонка Ичева во Софија е во организација на Културно-информативниот Центар на Македонија во Софија, а проектот помогнат од Министерството за култура на Република Македонија.