Денес (среда, 15 август 2012) стартува традиционалната интернационална Ликовна колонија Галичник, со својата овогодишна 23-та по ред сесија.
Учесници на годинашната ликовна колонија во Галичник се: Дијана Стојменова од Бугарија, Урош Џуриќ од Србија (попознат како ангелот од хит-филмот „Ние не сме ангели“), Павел Павелка од Босна и Херцеговина, Ирмак Донемз од Турција, Дијана Богдановска, Инес Ефремова и Илина Чолак од Македонија. Тие ќе работат во чекор со современите текови во уметноста односно во т.н „нови медиуми“: фотографија, дигитална графика, видео арт, видео инсталација.
Секој од учесниците е значаен и афирмиран уметник во земјата од каде што доаѓа и иако млади, сите веќе имаат изградено импозантна и богата биографија.
Организаторот верува дека и овогодишната креативна средба, како и сите досега, ќе се одржи на највисоко професионално ниво и дека како резултат на тоа ќе бидат создадени одлични дела, а Ликовната колонија Галичник уште еднаш ќе го докаже квалитетот и посебноста, поради која стана препознатлива и единствена манифестација не само во Македонија, туку и на светската арт мапа, потенцира уметнички раководител, Ана Франговска.