Од 17 до 19 јули во Бања Лука ќе се одржи седмото издание на „Јелен Демофест“, на кој ќе учествуваат 35 демо бендови од бившите Ју простори. Честа на македонската рок музика ќе ја брани скопскиот демо бенд „Визија“.
Фестивалот ќе се одржува на познатата тврдината Кастел, и сите вечери програмата е бесплатна. На овој одличен и најдобро организиран на Балканот фестивал, се пријавиле 457 бендови, а одбрани се само 35. Во жири ќе бидат Рамбо Амадеус, познат како Светски мега цар, Давор Гобац- харизматичниот фронтмен на „Психомодо поп“, Банислав Бабиќ – Кебра- поет и вокал во бендот „Обојени програм“, џез гитаристот Душан Јевтовиќ, режисерот Зоран Марковиќ Зоњо, како и директорката на фестивалот Бранкица Јанковиќ. Жирито ќе добие засилување за време на фестивалот, и на наведените членови ќе им се приклучат и Ѓорѓе Мишиќ, извршен директот за маркетинг и продажба на компанијата М-тел, Златко Нојков маркетинг менаџер за Молсон Курс за БиХ.
