Конкурс за „Денови на македонската фотографија“

Oстанaa уште само шест дена до крајниот рок за пријавување на 50-тото издание на манифестацијата „Денови на македонската фотографија“. Сите фотографи од Македонија кои се заинтересирани потребно е најкасно до 17 мај да испратат свои дела за учество.

„Денови на македонската фотографија“ го претставува свовиден пресек на македонското фотографско творештво во тековната година, и е најстара фотографска манифестација во Македонија. Во рамки на манифестацијата ќе се организираат фото-работилница, како и изложба на фотографии на доајенот на македонската фотографија Благоја Дрнков, МФ ФСМ, во чест на одбележување на неговото капитално фотографско дело.

Домаќин на годинашното издание на ДМФ е Кочани, а свеченото отворање на изложбата е 16 јуни со почеток во 20:00 часот, во Домот на културата.

Организатор на изложбата и на фото-работилницата е Фото сојузот на Македонија. Повеќе информации за настанот може да се добијат на сајтот на ФСМ.

You May Also Like