„Фудбалдром“ во Аеродром

Покрај кејот на Вардар зад ТЦ „Три бисери” од 28-ми јуни до 13-ти јули на отворен простор, на кој ќе биде поставен голем екран, фудбалските фанови ќе бидат дел од спектакуларното фудбалско доживување „Фудбалодром”.

fudbaldrom-aerodrom

 

„Фудбалодром” ќе биде настан што ќе ги собере граѓаните што сакаат да уживаат во фудбалот на голем екран и во друштво на стотици фудбалски фанови.

Покрај големиот екран и одличната атмосфера, „Фудбалодром” ќе биде проследен и со низа други активности: турнири во „плејстејшн”, турнири во рачни фудбалчиња, натпревари во прецизно шутирање, натпревари во „човечки фудбал” (human football), детско фудбалско катче, друштво со познати македонски фудбалски ѕвезди, настапи на локални бендови и ДЏ-и, пиво и скара.

You May Also Like