Францускиот „The Artist“ се закити со пет Оскари

Францускиот филм „Уметникот“ (The Artist) ноќва триумфираше на 84-то доделување на Оскарите, во категоријата за најдобар филм, а титулата за најдобар глумец отиде во рацете на Жан Дижарден, кој ја игра главната улога во истиот филм.

Наградата за најдобра режија му припадна Мишел Азанависиус, режисерот на „Уметникот“, филм кој синоќа освои вкупно пет златни статуетки.

Францускиот црно-бел филм со својата романтична приказна ги враќа гледачите во златниот период на немиот Холивуд. Тоа е приказна за актер чија кариера нагло се прекинува со доаѓањето на звучниот филм.

Филм со најдобро сценарио е „Полноќ во Париз“ на Вуди Ален, додека Оскар за најдобар филм од странско говорно подрачје доби иранскиот филм „Разделба“. Детскиот авантуристички филм „Hugo“, кој беше 11 пати номиниран, освои исто така пет Оскари. Оскарот за најдобра женска улога и припадна на  Мерил Стрип за улогата на британската премиерка Маргарет Тачер во филмот „Челичната лејди“.

За најдобра женска споредба улога лауреат на вечерта беше Октавија Спенсер за филмот „Слугинка“, а наградата за најдобра машка споредна улога ја доби одличниот Кристофер Палмер за филмот „Почетници“.

 

You May Also Like