Угриновска и Ахтаподов најдобри сноубордери на Водно

Андреа Угриновска од Македонија во женска конкуренција  и Христо Ахтаподов од Бугарија кај мажите се најуспешните двајца сноубордери на првиот ревијален натпревар во сноуборд, што се одржа во текот на вчерашниот ден на падините на планината Водно.

Вчерашниот ревијален натпревар на Водно беше последната спортска активност од „СНОУБОРД-ВИКЕНДОТ“ што во саботата почна со двата натпревари во Маврово и тоа во две сноуборд  дисциплини: слоупстајл и бигер.

Сноубордерите викендов се бореа за освојување на ФИС-пиоените, а на Угриновска, освоеното второ место кај жените во слоупстајл дисциплината и донесе дури 65 ФИС-поени, што се највеќе освоени поени за неа досега и најдобар пласман на едно вакво натпреварување.

Наградите на првиот ревијален натпревар во сноуборд на Водно им ги врачи градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.

 

You May Also Like