Францускиот институт во Скопје и Кинотеката на Македонија информираат дека редовниот француски кино-клуб продолжува со проекцијата на филмот „Пијанистка“, вечер ( вторник 14 мај 2013), со почеток во 20:00 часот.
Во рамките на кино-клубот е предвидено да се прикажува по еден француски филмски хит во Кинотеката на Македонија.
Филмот „Пијанистка“ на Дени Деркур, од 2006 година, во чии улоги настапуваат Катрин Фро, Дебора Франсоа и Паскал Грегори.