Поетскиот караван на ДПМ патува за Велес

Поетскиот караван на Друштвото на писателите на Македонија продолжува во Велес, во знак на одбележување на големиот датум од македонската национална и културна историја: 75 години од објавувањето на стихозбирката „Бели мугри“ од Кочо Рацин.

book_at_sky (copy)

Во спомен – салата што го носи името на книгата на Рацин „Бели мугри“, во градската библиотека „Гоце Делчев“ во Велес, на 12 ноември ќе учествуваат дваесетина истакнати македонски поети од повеќе генерации.

Љубителите на поетскиот збор на оваа средба ќе имаат можност да го проследат настапот на Раде Силјан, Гордана Михаилова Бошнакоска, Ристо Јачев,  Глигор Стојковски, Кристина Николовска, Веле Смилевски, Благој Самоников, Бранко Цветкоски, Оливера Доцевска, Борче Панов, Игор Крајчев, Драгица Најческа, Трајче Кацаров, Сеида Бегановиќ, Горан Анчевски, Мирче Нешовски, Павлина Климкар Меанџиева и Димитар Пандев.

На отворањето на манифестацијата ќе зборуваат  директорот на библиотеката „Гоце Делчев“ во Велес Игор Крајчев и претседателот на ДПМ Веле Смилевски. Договорено е средбата да има традиционален карактер и таа секоја година да се одржува во средината на ноември, во знак на чествување  на годишнината од појавувањето на „Бели мугри“ од Кочо Рацин.
Караванот на Друштвото на писателите на Македонија  се организира во рамките на проектот  за дисперзија на културните настани во Македонија.

You May Also Like