Започна Синедејс

Под мотото „Исплакни ја сапуницата од себе“ синоќа (15 ноември) започна годинашното издание на фестивалот на европскиот филм Cinеdays. Фестивалот ќе трае до 25 ноември.

Денеска (петок, 16 ноември, 2012) на репертоарот на кино Милениум се следниве филмови:12:00 – Amour / Michael Haneke ‘125 R
15:00 – The Door / Istvan Szhabo ‘97 R
17:30 – In The House / Francois Ozon ‘105 G03
20:00 – The Lady / Luc Beson ‘132 G04
22:30 – Cloud Atlas / Tom Tykwer and WB ‘164 G05

а во „Менада“ од 20:00 се прикажува –  Виљушка пуна љубави.

Во кино „Фросина“ на програмата се следниве наслови:

16:30 – Estonien a Paris / Illmar Raag ‘94 O01
19:00 – Alois Nebel / Tomas Lunak ‘84 O02
21:00 – Herr Wichmann aus… / Andreas Drsen ‘90 G31
23:00 – Stopped on track / Andreas Drsen ‘110 G32

Под опсада од ТВ сапуниците, без никаква двојба и сомнеж МКЦ кој е организатор на фестивалот се одлучи за ваков слоган. По четиридецениската безмилосна војна против сеопштиот кич, шунд, паланечката малограѓанштина, хипокризијата, ниските вредности, дребното профитерство, срозените морални нормативи, себепанегеричното политиканство… и останатите контракултурни, “нехигиенски“, и несогледливо штетни општествени појави и дејанија МКЦ, во наредните денови, приредува:

11 денови, 108 филмови, во кино Милениум, кино Фросина и Кинотека на РМ!

10 филмови во Официјална селекција, најдоброто од младите европски автори (од кои два се анимирани долгометражни);

7 филмови во CINEBALKAN селекцијата, меѓу кои и филмот победник на Сараево (“Everybody in our Family”, реж. веќе големиот Radu Jude) и филмот победник на Ротердам, контроверзниот, забрануваниот, филмот кој несомнено ќе биде миговно распродаден (“Klip”, реж. Maja Milos);

5 филмови во рамките на МК&ЕУ

6 филмови во програмата Земја во фокус: Египет (документарни филмови за “арапската пролет”);

10 филмови програмата Селекција на Италијански филмови (Благодание на организацијата ИнАкто, Торинската Филмска Комисија и Чинечита);

20 кратки поетски филмови во соработка со ZEBRA;

10 музички документарни филмови, (благодарние на ДОРФ и Тони Шариќ)

40 филмови во ГАЛА програмата, меѓу кои победниците на Кан, Берлин, Венеција, Лондон, Ротердам, Сан Себастијан, Трибека, Санденс, Сараево, Сиднеј или

Ханеке, Иштван Шчабо, Том Тиквер, Лик Бесон, Бертолучи, Вуди Ален, Кроненберг, Содерберг, Копола, Ким ки Дук, Киаростами, Хазанавициус, Халстром, Вернер Херцог, Андреас Дресен – големото име на германската и европската кинематографија, гостин на CINEDAYS, Содерберг, Лоуч, Гашпар Ное, Жак Одијар!

You May Also Like