Француски кино-клуб во Кинотека на Македонија

Францускиот институт во Скопје и Кинотеката на Македонија го отвораат француски кино-клуб, во рамките на кој секој месец ќе се прикажува по еден француски филмски хит. Францускиот кино-клуб започнува в недела, 28 април 2013, во 20:00 часот, со премиерата на филмот „Државата на дело“ на Пјер Шолер.


На Филмскиот фестивал во Кан во 2011 година, овој филм ја доби специјалната награда од жирито, и истиот е повеќекратно наградуван на други меѓународни филмски фестивали.

„Државата на дело“ на Пјер Шолер (Франција, 2011), со Оливие Горме, Мишел Блан, Забу Брајтман.

Шефот на кабинет среде ноќ го буди Бертран Сен-Жан, Министер за транспорт. Возило излетало од патот. Тој оди на лице место, нема друг избор. Тука започнува одисејата на еден човек во служба на државата во непријателскиот и сложен свет. Брзина, борба за моќ, хаос, економска криза…

You May Also Like