„Помнам“ нова книга од Ристо Јачев

Познатиот македонски поет Ристо Ѓ. Јачев во поетската едиција на скопски Макавеј ја објави новата поетска книга „Помнам“.

Во препораката кон новата поетска книга на Ренџов, поетот и  литературен критичар Бранко Цветкоски истакнува:

„Ристо Ѓ. Јачев на цврсти нозе ја поставил поезијата во својата најнова книга „ПОМНАМ“. Таа поезија има едно навистина ретко и необично својство: успевајќи постојано да остане и да се остварува како поезија, таа ниту во еден миг не го напушта наумот да остане говор, исказ, извештај за траумите на единската наспроти вечноста. Замаена меѓу тагата и љубовта, меѓу иднината и небиднината, таа не е лишена од порака. Всушност, пораката е успешно вградена во певот. Ова може да значи само едно: во најновиот поетски ракопис Јачев успеал на ретко импресивен начин да ги реши основните творечки проблеми и да ни понуди поезија која со задоволство и со радост ја поздравуваме.“

Како што е познато Јачев е автор на дваесетина поетски книги, неколку прозни и драмски дела, носител е на македонски и меѓународни поетски награди, негови книги се преведувани на повеќе странски јазици.

You May Also Like