Поезија од Раде Силјан на унгарски јазик

Во издание на издавачкаа куќа “Аб – Арт “ во Печуј, Унгарија излезе од печат поетската книга “Огледало на вековите” од современиот македонски поет Раде Силјан.

Изборот и препевот на унгарски јазик ги направи познатиот унгарски поет Атила Балаж.

Раде Силјан е автор на тринаесет стихозбирки, на девет книги од областа на критиката и есеистиката и на десет антологии од македонската драма, расказ, поезија и критика. Приредил дваесетина повеќетомни избори од творештвото на истакнати македонски писатели, како и јубилејни изданија на значајни дела од нашето книжевно наследство.

You May Also Like