Пет одлични филмови од вечерва во Синеплекс

Оваа недела на кино репертоарот во Синеплекс се најдоа пет нови премиери.

 

maliot_budo

Насловите на новите филомови кои од вечерва се прикажуваат во Синеплекс се „Малиот Будо“, „Градот на гревот; вредно за убиство“,  „Љубовта е чудна работа“, „Крими далавери“ и „Најдоброто од мене“.

Филмот кој во моментов е најгледан во Србија и кој успеа да насмее преку 200.000 гледачи, пристигна во Cineplexx. Приказната за „Малиот Будо“, подгорички „плејбој“ кој пристигнува во Белград гонет од крвна одмазда, е духовита приказна со горчелив вкус.Малиот Будо (Петар Стругар), син на хирург од Подгорица, кој нема баш добар углед, ќе пристигне во Белград. Пријателски и роднински врски на неговиот татко ќе го турнат во виорот на трагично-комични настани, кои нам на многу смешен начин ќе ни ја доловат првата средба на еден осумнаесетгодишник со главниот град.

Режисерот Френк Милер и Роберт Родригез повторно се обединуваат и ја носат графичката новела на Милер на големото платно. „Градот на гревот; вредно за убиство“ и дава нова димензија на класичната приказна на Милер, вклучувајќи неколку нови случувања во кои веќе познатите трагачи по правдата ќе ги вкрстат своите патишта со едни од најопасните граѓани. Во новиот филм, преку низа испреплетени приказни оживуваат нови и стари ликови како Марв (Мики Рурк), Хартиган (Брус Вилис), приватниот истражувач Двајт Меккарти (Џош Бролин), егзотичната танчарка Ненси Калахан (Џесика Алба), кои повторно се борат со своите демони на улиците преполни со насилство во имагинарниот Град на гревот.

„Љубовта е чудна работа“, приказната за сите генерации, зборува за врската и бракот,
зборува за двајца мажи кои се обидуваат да изградат долг, заеднички живот и љубовта меѓу нив која прераснува во длабок и интимен однос. ,,Животот си има свои препреки, но рано научив дека
полесно се надминуваат ако им пристапиш со искреност“, реченицата која Џорџ (Алфред Молина) ја
изговара во една сцена од филмот можеби најдобро го опишува насловот на ова остварувањет, кое
режисерот Ајра Сакс внимателно го одбрал за да ги објасни сите тешки врски кои постојат на светот.

На големото платно пристига една од приказните на Елмор Леонард, најпочитуваниот писател на крими-трилери во Америка. Токму филмот „Крими далавери“ е можеби најверодостојниот обид да се екранизира неговото дело. Во филмот главната улога и припаѓа на Џенифер Анистон, како жена на корумиран трговец чие киднапирање добива лош тек водејќи кон низа на други несреќи. Во останатите улоги се појавуваат и Тим Робинс, Џон Хоукс, Ијла Фишер и Вил Форте. За улогата на Анистон, режисерот Даниел Шектер изјавува: „Не сте навикнати да ја гледате Анистон во трилери. Актерка како таа, секогаш се поврзува со некои други големи улоги, па малку постоеше загриженост: ‘дали ќе успее да исчезне во тој лик и да се придружи на останатите актери ’? Но, од првиот ден бев инстантно возбуден и верував дека ќе имаме одлична актерка за оваа улога и дека ќе успееме да направиме нешто што досега не сме го виделе од неа.“

За љубителите на романтичните приказни, базиран на бестселерот на Николас Спаркс ни пристига „Најдоброто од мене“, приказна за Досон и Аманда, средношколски пар кој по дваесет години повторно се сретнува во родниот град. Горко-слатката средба пробудува љубов и чувства кои никогаш не се забораваат, но набрзо ќе откријат дека се уште постои нешто кое изворно ги разделило и денес неговата моќ е уште поголема. Тоа е љубовна приказна која трае со децении и потсетува на снагата на првата љубов и тешките одлуки кои мораме да ги донесеме кога сме соочени со друга прилика на среќа.

The Best Of Me

You May Also Like