(фото) Над 300 уметнички дела изложени во реконструираниот МСУ

Во Музеј на современата уметност од вечерва е отворена постојана поставка, по повод 50 години од основањето на музејот. Изложена во три галериски простори на 3.500 метри квадратни, се претставени над 300 врвни уметнички дела. Тука се ликовните дела на Пикасо, Хокни, Петар Лубарда, Џаспер Џоунс, Фернан Леже, Бернар Бифе, Пјер Алешински…

MSU postojana izlozba 1

“Солидарноста – недовршен проект” е насловена новата постојана поставка на Музејот на современата уметност која вечерва свечено беше отворена во реконструираниот галериски простор на Музејот на современата уметност. На отворањето на поставката кое е во рамките на одбележувањето на 50 годишниот јубилеј на  Музеј на современата уметност,  пред многубројните уметници, претставници на дипломатскиот кор и љубители на уметноста се обратија премиерот Никола Груевски, министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и директорката Елиза Шулевска.

MSU postojana postavka 10

Претседателот на Владата Никола Груевски во своето обраќање, потенцираше дека за извршената реконструкција на галерискиот простор во кој се изложените уметнички дела Владата одвоила околу 28 милиони денари. Тој додаде дека со реконструираниот  современ простор на Музејот на современата уметност ќе се овозможи пред јавноста да биде претставена богатата ризница на дела кои и припаѓаат на современата уметност.

Во новоконципираната поставка, изложена во три галериски простори на 3.500 метри квадратни, се претставени над 300 врвни уметнички дела. Тука се ликовните дела на Пикасо, Хокни, Петар Лубарда, Џаспер Џоунс, Фернан Леже, Бернар Бифе, Пјер Алешински, уметничките форми и инсталации на Калдер, Јанис Гаитис, скулптурите на Иван Кожариќ, Душан Џамоња, Роберт Јакобсен, Штурса…

Изложени се и делата на авторите кои го илустрираат развојот на македонската современа ликовна уметност: Лазар Личеноски, Никола Мартиновски, Петар Мазев, Димитар Пандилов-Аврамовски, Димо Тодоровски, Димитар Кондовски, Душан Перчинков, Јордан Грабулоски, Родољуб Анастасов, Анета Светиева…

Според министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, тоа е само дел од меѓународната колекција и репрезентативна национална збирка на откупени и донирани над 5.000 дела на околу 2.000 автори од 66 земји на светот кои по земјотресот во 1963 го дадоа својот придонес во обновувањето на Музејот на современа уметност.

MSU postojana postavka 5

– Денеска со голема одговорност се исполнува ветување, долг кон историјата на уметноста, кон нашето културно наследство, кон македонската публика бидејќи по неприфатливата децениска „пауза” во која бевме осиромашени за едно богато визуелно задоволство, во овој нов современ простор од 1.500 метри квадратни добиваме можност да ги видиме и доживееме делата на македонските и светските автори кои со својот индивидуален пристап оставија длабоки траги во современата ликовна историја, рече Канческа-Милевска.

MSU postojana izlozba 2

Таа истакна дека постојаната поставка постојано ќе се надополнува и со ликовните дела и скулптурите од мал галериски формат кои преку стимулативните мерки и откупи на Министерството за култура во голема мера ќе го збогатат фондот на оваа институција.

– Нашите автори заслужуваат ваков простор за изложување на своите дела, а нашата публика заслужува Музеј со извонредно значајни содржини од кои и младите генерации ќе може да ги збогатат своите искуства и сознанија за современата ликовна уметност, рече министерката за култура.

MSU postojana postavka 9

MSU postojana postavka 11

MSU postojana postavka 12

MSU postojana postavka 3 aco stankovski

MSU postojana postavka 6

MSU postojana postavka 7

MSU postojana postavka 8

MSU postojana postavka 4

You May Also Like