Играорците од КУД „Ацо Ѓорчев” од Неготино на турнеја низ Полска

Играорците од КУД „Ацо Ѓорчев” од Неготино денеска заминаа на десетдневна турнеја во Полска.

kud_aco_gjorcev_negotino

– Таму ќе бидеме дел од голем меѓународен фолклорен фестивал во градот Биалисток на кој учествуваат претставници на 23 земји од различни страни на светот. Повторно како и секогаш преку фолклорот ќе ги претставиме македонската култура и традиција, рече пред заминувањето Мирјана Јованова, директор на Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“, во чии рамки работи и друштвото.

Членовите на „Ацо Ѓорчев“ негувајќи го изворниот македонски фолклор, редовно настапуваат на домашни и странски фестивали.

kud_aco_gjorcev_negotino2

You May Also Like