(фото) Македонските проекти од Венециското биенале на архитектура од 2004-2012

Изложба на проектите на Република Македонија претставени на Венециското биенале на архитектура од 2004 до 2012 …

venecija bienale 2004-2012 5

Во присуство на многубројни гости, професори и архитекти во  Музејот на Град Скопје вечерва свечено беше отворена изложбата на проектите со кои Република Македонија, во изминатата деценија, беше претставена на најпрестижниот  светски настан од областа на архитектонското творештво  – Биеналето  на архитектурата во Венеција.

venecija bienale 2004-2012 8Изложбата на која за првпат на едно место се прикажани петте проекти од Република Македонија кои беа дел од манифестацијата во чии рамки на секои две години се презентираат архитектонски трудови од цел свет, ја отвори министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска.

Во своето обраќање министерката за култура истакна дека учеството на Биеналето во Венеција е од големо значење за секоја држава како можност за презентација на сопствената архитектонска сцена.

– Пред нас се делата на македонските автори кои имаа можност, рамноправно со уметниците од целиот свет, да ги претстават нашите архитектонски достигнувања и креативни идеи  пред европската и светската јавност. Преку учествата на Венециското биенале, Република Македонија се етаблираше во меѓународниот културен контекст и стана видлива како земја која поседува голема креативна моќ, земја на автори кои имаат изразени, сопствени ставови со кои се афирмира македонската архитектура и култура   во светот, рече Канческа-Милевска.

Таа подвлече дека Министерството за култура застана зад поддршката на сите досегашни претставувања на Република Македонија на  Биеналето на архитектурата Венеција, со што се овозможи македонските автори и архитекти да се претстават и да го презентираат својот творечки потенцијал пред  европската публика. Канческа-Милевска го изрази своето уверување дека и оваа година, проектот „Наоди“ на Младинскиот културен центар ќе го испровоцира вниманието на јавноста во Венеција и дека Република македонија ќе има значајно претставување на овој реномиран настан.

venecija bienale 2004-2012 1На првото учество во 2004 година, Република Македонија го претстави проектот „Метаморфоза: од хипер тело до инверзна перспектива“, а потоа следуваа: „Град на можни светови“ (2006, кога стручното жири му додели Специјално признание на македонскиот павилјон); „Метамак отсечоци“ (2008); „Учење архитектура“ (2010) и „Архитектура во огледало: секојдневно и возвишено“ (2012).

Организатор на сите досегашни учества на Република Македонија на Венециското биенале на архитектурата е Музејот на Град Скопје и комесарот Фросина Зафировска, со  поддршка од Архитектонскиот факултет во Скопје,. Куратори беа Влатко. Коробар, Минас Бакалчев и Митко Хаџи Пуља, Александар Радевски и Саша Тасиќ. Како автори на проектите учествуваа над 30 професори и архитекти  и над 100 студенти на Архитектонски факулет.

Изложбата ќе биде поставена до 6 април 2014.

venecija bienale 2004-2012 4

venecija bienale 2004-2012 3

venecija bienale 2004-2012 6

venecija bienale 2004-2012 7

venecija bienale 2004-2012 2

 

You May Also Like