Регионална филмска работилница на „Синедејс 2014“

По процесот на евалуација на пристигнатите проекти од сите земји во регионот се избраа 8 долгометражни играни проекти кои ќе се развиваат во рамките на оваа работилница.

film_track2

EAVE во соработка со Агенцијата за филм на Република Македонија во рамки на Фестивалот на европски филм „CineDays“ 2014 година за прв пат организира регионален EAVE ON DEMAND кој ќе се одржи во период од 15 до 18 Ноември 2014 во Младинскиот културен центар.

По процесот на евалуација на пристигнатите проекти од сите земји во регионот се избраа 8 долгометражни играни проекти кои ќе се развиваат во рамките на оваа работилница и тоа:

Со сценарио – 5 проекти:

–          “Mirror of the nightingales” – продуцент и режисер Карла Лулич, сценарио: Дан Оки, Хрватска

–          “Flying is like love making” – продуцент: Дејан Крајчевски, режисер и сценарист: Дина Дума, Македонија

–          “Stela” – продуцент: Огнен Антов, режисер: Стојан Вујичиќ, сценарист: Ева Камчева, Македонија

–          “The Wizard”  – продуцент и сценарист: Марко Качански, режисер: Драган Станковиќ, Србија

–          “Flying circus” – продуцент: Вјоша Бериша, режисер и сценарист: Фатос Бериша, Косово

Со тритмент – 3 проекти:

–          “Brunesha (Sworn Virgin)” – продуцент и режисер Саша Станишиќ, сценарист: Бурим Муслиу, Македонија

–          “The Hampered” – продуцент и режисер Роберт Будина,  сценарист: Исмаил Кадаре, Албанија

–          “Us and Them” – продуцент Ања Јеремич, режисер и сценарист: Горана Јованович, Србија

Експерти од EAVE (European Audiovisual Entrepreneurs) кои ќе работат на развој на проектите се:

–          Jean Des Forêts, продуцент (Франција),

–          Jacques Akchoti, сценарист, консултант за сценарио (Франција),

–          Didar Domehri, продуцент, селс агент (Франција) и

–          Hayet Benkara – селс агент (САД).

You May Also Like