Изложба на скулпторот Александар Ефтимовски во Минхен

Во Гросовер Арт галеријата во Минхен, Германија е отворена самостојната изложба на македонскиот скулптор Александар Ефтимовски. Изложбата насловена како „Бело Злато – Метаморфоза“ е отворена на 12-март и ќе трае до 17-ти април и на неа се бидат изложени единаесет дела изработени од мермер.

aleksandar_eftimovski_izlozba_minhen

Галеријата Гросовер Арт во Минхен била домаќин на еминентни имиња од светската уметност како што се Gilbert Decock William Manning, Lon Pennock, Virgil Facio , Erik van der Grijn и други интернационални уметници.

Делата на авторот се окарактеризирани како апстрактни, донесени до крајно едноставна и компактна форма. Сите единаесет дела се од последниот творечки период на Ефтимовски и истите претставуваат форми – преродби.

Александар Ефтимовски дипломира на Академијата за ликовни уметности во Фиренца за скулптура и визуелна уметност. Магистрира на Aкадемијата за ликовни уметности во Карара и се посветува на обработка на камен. За време на своите студии, зема учество во многу групни изложби и симпозиуми, а неговата прва самостојна изложба наречена „Mo(nu)mental Ideas“ се оддржа во Љубљана, Словенија. Добитник е на повеќе награди и признанија меѓу кои се и награда на Биенале во Сан Николо, Италија, наградата за талентиран млад уметник од Министерството за култура на Р.М. како и наградата „Димо Тодоровски“ која ја доделува Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ).

You May Also Like