„Дваесет и првиот“, на Томислав Османли е објавен на српски јазик во издание на реномираната белградската издавачка куќа „Дерета“.
Со тоа романот на Османли се појавува и на најсилната книжевна средина на нашиов, па и на поширокиот регион, во очи на реномираниот октомвриски, 59. белградски Саем на книгата кадешто и ќе биде претставен. Инаку, нашиот роман веќе се наоѓа на продажба во двете белградски книжарници како и на сајтот на „Дерета“.
Изданието коешто под најавата „Македонскиот роман на годината 2010“ се објавува во библиотеката „Дерета ви претставува…“ како главен и одговорен уредник го потпишува книжевниот редактор и писател Александар Шурбатовиќ кој книгата на Османли ја прифати во жанровски богата програма и вонредно ја воведе во годинашна продукција на белградското книгоиздателство.