Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски присуствуваше на трката …
Во трката се натпреваруваат велосипедисти во 6 категории и тоа: Хоби, Кадети, Мастерс, Елите, Жени и Јуниори. Должината на кругот изнесува 4,5 км, а учесниците во секоја од категориите имаат различни задачи. Учесниците од мастерс и јуниор категоријата возат по 5 круга, жените велосипедисти како и оние коишто возат велосипед од хоби возат по 3 круга, кадетите 4 круга, а оние од категоријата Елите возат 6 круга.
Право на учество во трката имаат сите лиценцирани натпреварувачи. Хоби категоријата е отворена за сите вљубеници во спортот и можат да се натпреваруваат во Хоби категоријата со 100ден. котизација. Секој натпреварувач мора да носи заштитна кацига и да има исправен велосипед. Организаторот ќе обезбеди медали за првопласираните, а секој натпреварувач вози на сопствена одговорност.
Трката се вози по правилата на УЦИ и на Велосипедската федерација на Македонија. Организаторот има право на измени на патеката и бројот на круговите во зависност од временските услови на патеката.
Доделувањето на наградите ќе се реализира по завршувањето на втората трка. Град Скопје, преку програмата за спорт за 2014 година, финансиски го помага одржувањето на оваа трка.