Филхармонијата претставена на конференција во Њујорк

Директорката на Македонската филхармонија Маја Чанаќевиќ  учествува на Меѓународната годишна конференција на Интернационалното здружение за изведувачки уметности (ИСПА) во Њујорк, која трае до 17 јануари.

Македонската филхармонија од 2012 година е полноправен член на ИСПА, водечко здружение во сферата на изведувачките уметности, организација во која членуваат најзначајните оркестри, оперски куќи, промотерски компании и фестивали од светот.

Темата на овогодинешната конференција е „Култура на иновација“ и е посветена на новите трендови во уметничкиот свет, како технолошки, така и иновациите кои се плод на креативноста на артистите.

На конференцијата, покрај Македонската филхармонија, учествуваат повеќе од 350 делегати од 35 земји во светот.

You May Also Like