Романот „Мисија“ од Миле Костов победи на конкурсот на „Ѓурѓа“

Романот „Мисија“ од Миле Kостов е победник на конкурсот на издавачката куќа „Ѓурѓа“ за најдобар необјавен роман во минатата година.

Селекторот академик Kатица Ќулавкова во конкуренција од 21 пристигнат ракопис од македонски автори, го одбрала романот на Kостов поради неговата двојна кодираност, јазична префинетост, интригантен современ амбиент, читливост, занимливост, софистицираност, кинематографската структура.

Наградата се состои од Златен медал, ликовно уметничко дело од македонски автор и 100.000 денари авторски хонорар, а печатеното издание ќе биде промовирано на годинашниот Саем на книгата.

You May Also Like