Театар Комедија гостува во Мостар

Театар Комедија  учествува на престижниот театарски фестивал Мостарска Лиска 2013 год. во Мостар, Република Босна и Херцеговина со претставата “Ах Љубов моја“ од Коле Ангеловски.

 

Фестивалот е во организација на “Народен театар – Мостар“ и претставува жанровски определен фестивал, односно фестивал на комедијата и се одржува од 16ти до 23ти мај.

Театар Комедија е првиот македонски театар кој учествува на овој фестивал со претставата  “Ах љубов моја “  во режија на Коле Ангеловски, македонскиот доајен на комедијата. Претставата се игра на 19ти мај.

Во претставата игра целиот ансамбл на Театар Комедија : , Крсте Јовановски , Зорица Стојановска, Нина Деан,  Атанас Атанасовски,  Ева Скендеровска (к.г.), Едмонд Сотир, Роберт Ристов, Марија Кондовска (к.г.), Жарко Димоски, Ердоан Максут, Александар Микиќ(к.г.),Валентин Костадиновски и  Кристина Ласовска.  Ова гостување е подржано и финансирано од Министерството за култура на Република Македонија.

You May Also Like