На престижниот фестивал од А категорија во Монтреал, Канада, словенечкиот филм „Шангај Џипси“ беше нагараден за најдобро сценарио. Главната машка улога во филмот ја толкува познатиот актер од Македонија – Висар Вишка.
По повод наградата денеска (петок, 7 спетември, 2012 година) во 12:00 часот, министерката за култура Елизабета Канческа Милевска ќе оствари средба со Вишка кој од 2011 година е член на ансамблот на МНТ.
Висар Вишка ја толкува улогата на Лутвија Белмондо Мирга, цигански „крал“ кој прави свое село и го именува Шангај. Партнерка во филмот му е актерката Асли Бајрам, мис на Германија во 2005 година. Во „Шангај Џипси“ игра и нашиот актер Сенко Велинов, а неговиот лик се вика Муфти Салкановиќ.