Филмот „Радио” на младиот Марко Црногорски на фестивал во Шпанија

Краткиот филм „Радио” на младиот режисер Марко Црногорски ќе се прикажува на Torremolinos International Fantastic Film Festival во Малага, Шпанија.

film_radio_marko_crnogorski

По прикажувањето на филмски фестивали во: Италија, Чешка, Босна и Херцеговина (Тузла и Сараево), Србија (Краљево и Ниш), Канада, Велика Бритнија и Мексико, краткометражниот филм „Радио” е  дел од официјалната програма и во трка за награда во Шпанија. Torremolinos е еден од најважните фестивали во регионот и трае од 31.10 до 09.11.

Преку акција и на моменти научно-фантастика,  „Радио” се бави со бесконечната човечка глупост и алчност.  Тројца најдобри другари се досадуваат во подрум, кога одеднаш наоѓаат едно старо радио. Тие го поправаат радиото и слушаат вести од минатото и иднината.

You May Also Like