Традиционална студентска планинарска тура на Водно

Традиционално, покровител на Планинарската тура е ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје проф. д-р Велимир Стојковски.

vodno-park-shuma

На 5 ноември 2014 година (среда), ќе се одржи спортско-рекреативен, хуманитарен и забавен ден, Есенска студентска планинарска тура „Водно 2014”.

Оваа спортска активност се одржува по повод  „13 Ноември” – Денот на ослободувањето на град Скопје.

Планинарската тура е со почеток во 10,00 часот, од стартното место – Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија. Учесниците ќе бидат присутни пред институтот во 9,30 часот.

You May Also Like