Играно-документарниот филм „Пресвета Богородице спаси не“ на режисерката Весна Димитровска Бобевски од Велес, ја доби првата награда од жирито на престижниот мегународен фестивал за христијански филмови во Белорусија.
Филмот „Пресвета Богородице, Спаси не“ во Белорусија, во конкуренција на четириесет филмови од седумнаесет земји од светот, ја освои највисоката награда на фестивалот, првата награда од стручната жири комисија на меѓународниот католички фестивал на христијански филмови. Инаку, ова е трета награда по ред на овој филм.