Премиерата на најновото остварување на режисерот Срѓан Драгојевиќ, филмот „Атомски од десно“ е закажано за на 10 мај(сабота) во 20:00 часот во Кино Милениум.
Од Милениум јавуваат : „Уште поголемо задоволство ни претставува фактот дека на премиерата гости во Скопје ќе ни бидат продуцентката на филмот Билјана Првановиќ, дел од актерската екипа и секако мајсторот на филмската уметност, култниот Срѓан Драгојевиќ во чија биографија стојат филмски наслови како „Ние не сме ангели“, „Рани“, „Убавите села, убаво горат“…
„Атомски од десно“ ќе биде ексклузивно, само на репертоарот на кино Милениум од Сабота(10.05), а картите за филмските проекции веќе од утре Вторник(06.05) може да се набават на билетарата на кино Милениум“.
Атомски од десно (Atomski zdesna) – премиера 10.05 сабота
Режија: SrdjanDragojevic
Сценарио: SrdjanDragojevic
Улоги: SrdjanTodorovic, TanjaRibic, BojanNavojec, BrankoDjuric, MiraBanjac, AnaKostovska, ZoranCvijanovic, IsidoraSimijonovic
Траењенафилмот: ’94
Жанр:Комедија / Драма
„Атомски од десно“, најновиот филм на генијалниот Срѓан Драгојевиќ, од Сабота(10.05) премиерно и ексклузивно на репертоарот на кино Милениум.
По култните „Ние не сме ангели“, „Рани“, „Убавите села, убаво горат“ и последното комично и неверојатно интересно филмско остварување „Парада“, Драгојевиќ на големото платно ни пласира уште една продукција која на сатиричен начин го опишува функционирањето на народите од екс-југословенските простори во поствоениот период. Битката по пари и подобрување на економската состојба ги води главните ликови Младен, Соња, Метод, Педро и останатите на Хрватското крајбрежје, каде сите се инволвирани во бизнисот со издавање апартмани на принципот „тајм-шер“… Ситуацијата се компликува кога „во игра“ ќе влезе Омер, човек со тежок карактер и ветеран од војната во Босна, а дејството доживува кулминација кога неговиот 3-годишен син ќе падне од терасата на хотелот и завршува во болница.
„Атомски од десно“ е балканска комична приказна за обичните луѓе со големи соништа, за луѓето чии желби и апетити се поголеми од нивните реални можности.