Вчера (понеделник, 10 јуни) во библиотеката „Борка Талески“ во Прилеп започна „Караванот на книгата 2013“ на Издавачкиот центар „Три“.
„Карванот на книгата“ на ТРИ и ова лето патува низа македонија. Покрај мноштвото книги, со себе ги носи и читаните автори Винка Саздова и Игор Џамбазов.
Во соопштението за караванот се вели: „ Со цел да се доближи уште повеќе до своите читатели, Издавачкиот центар ТРИ од 10 до 29 јуни организира голем книжевен карван во повеќе градови низ Македонија. Читателската публика во Прилеп, Струмица, Гевгелија, Куманово и Штип, ќе има можност да биде дел од вистинско книжевно шоу. Средбата со авторите ќе се одржува секоја среда во градот каде што ќе престојува карванот“.
· 17.06 – 22.06 Струмица – Библиотека „Благој Јанков-Мучето“
· 17.06 – 22.06 Гевгелија –Библиотека „Гоце Делчев“
· 24.06 – 29-06 Куманово – Дом на култура „Трајко Прокопиев“
· 24.06 – 29-06 Штип – Дом на култура „ Ацо Шопов “
На карванот на книгата ТРИ ќе ги претсвави своите најнови изданија меѓу кои светскиот мега-хит „Соголена пред тебе“ од Силвија Деј, феноменот „Се гледаме на врвот“ од Коста Петров, „Јога кучка“ од Сузан Морисон, „Ќерката на Сиена“ и многу други.