„Кралот на пингвините“ во Кино Милениум

Од денеска (петок, 22 февруари) нов филм на репертоарот на кино Милениум. Ексклузивно, само во кино Милениум, „Кралот на пингвините“ 3Д, креиран од генијалните Tim Allen и David Attenborough, но и натхсинхронизиран на македонски.

 

Приказната го следи патувањето на Кралот на пингвините назад кон родното место, Градот на Пингвините. Едно од најнаселените и најбараните места за живеење во западната хемисфера. Тој мора да го пронајде својот животен сопатник и да се избори за своето место под сонцето. Неговата приказна е неретко комична, понекогаш трагична, но и крајно триумфална. Неверојатна 3Д авантура за патот на еден посебен пингвин сместено во една од последните светски прекрасни и недопрени дивини.

Веќе од четврток(28.02) не очекува нова премиера во Милениум – „Хичкок“, филмот за легендарниот режисер Алфред Хичкок, во режија на Саша Герваси, со Ентони Хопкинс, Хелен Мирен и Скарлет Јохансон во главните улоги.

 

Репертоар:

ПЕТОК (22.02):

13:00 –  Tengri (Европски филм)

15:00 – „Авантурите на Семи 2“ 3Д

17:30 – СМРТТА НА ЧОВЕК ОД БАЛКАНОТ

20:00 – „КРАЛОТ НА ПИНГВИНИТЕ“ 3Д (Премиера)

22:00 – ХОБИТОТ

 

САБОТА и НЕДЕЛА (23 и 24.02):

11:00 – „Авантурите на Семи 2“ 3Д

13:00 – „Пет легенди“ 3Д (оригинален наслов „Rise of the Guardians”3D)

15:00 – „КРАЛОТ НА ПИНГВИНИТЕ“ 3Д

17:30 – СМРТТА НА ЧОВЕК ОД БАЛКАНОТ

20:00 – „КРАЛОТ НА ПИНГВИНИТЕ“ 3Д

22:00 – ХОБИТОТ

 

ПОНЕДЕЛНИК – СРЕДА (25 – 27.02):

13:00 –  Tengri (Европски филм)

15:00 – „Авантурите на Семи 2“ 3Д

17:30 – СМРТТА НА ЧОВЕК ОД БАЛКАНОТ

20:00 – „КРАЛОТ НА ПИНГВИНИТЕ“ 3Д

22:00 – ХОБИТОТ

 

You May Also Like