Вечерва (понеделник, 8-ми октомври), со почеток во 19:00 часот, во Центарот за култура – Тетово ќе биде свеченото отворање на “Фестивалот на новиот германски филм”. Фестивалот ќе го отвори амбасадорката на Германија Gudrun Steinacker. На отворањето ќе биде прикажан наградениот германски филм за 2011 “Der Albaner” (Албанецот), во режија на Johanes Naber.
“Der Albaner” (Албанецот) е филм кој зборува за Арбен, еден млад Албанец кој не е во можност да оди на училиште. Тој е принуден да работи нелегално во Грција, но парите што ги заработува не се доволни за да го нахрани своето семејство, кое живее во едно мало село во дивите планини. Му требаат 10 000 евра; неговата девојка е бремена. Нејзиниот клан ја “заробил” ќерка си дома и Арбен треба да донесе пари како мираз. Арбен решава да ги обезбеди парите преку илегална работа во Германија,без да знае ниту еден збор на германски јазик. Тој се среќава со Златко кој го поврзува со еднашверцерска група.
“Speigel” онлајн, коментира за филмот: “Овој филм кој е украсен со неколку награди и е дело на Johanes Naber, не воведува во темната страна на светот, со која никогаш не се соочува еден обичен германец; еден свет каде што преовладува еден див притисок. Социјална драма со убедливи сцени од големиот град, полн со тензија и одличен главен протагонист “.
Овој филм ја добил наградата “Макс Ophus” 2011, награда за најдобар актер на 47-миот фестивал во Анталија и 32-риот Меѓународен фестивал во Москва.
—————————————————————
“Фестивалот на новиот германски филм” во Тетово е во организација на Амбасадата на Сојузна Република Германија и LOJA Центар во соработка со ПроКредит Банка и Kултурен центар – Тетово.
Фестивалот ќе трае до 10 октомври и истиот прикажува филмови произведени во 2011 година, а истовремено тоа го означува завршувањето на Scardina Fest 2012.