Проектот Креативни индустрии подразбира придвижување на капацитетите на културата и на дел од бизнис секторот, во насока на нивно развивање и искористување на потенцијалите што оваа нова интердисциплинарна форма ги овозможува и ги стимулира. Тридневниот настан (14-16 јуни) ќе се одвива на неколку локации во Градскиот парк.
Суштината на проектот е сознанието дека градовите во развој, треба да инвестираат во оние стопански гранки кои што носат економска корист (таканаречени дополнителни вредности), кои отвораат нови работни места и кои се грижат за младите образувани креативни кадри. Станува збор за развојот на креативните индустрии, односно за развој на оние дејности кои создаваат производи и услуги, а истовремено имаат економски бенефит.
Фестивалот на креативни индустрии „СКОПЈЕ КРЕАТИВА“ е нов проект на Град Скопје, кој под мотото и логото СКОПЈЕ КРЕАТИВА е тридневен настан, што опфаќа шест тематски целини: звук, текст, облик, мултимедија, комуникација и дискурс. Овие области ќе се презентираат преку работилници, перформанси, и други културни активности.
Како еден од најатрактивните културни настани годинава, фестивалот за првпат е предвиден во Програмата за култура на Град Скопје за 2012 година, носител е Секторот за јавни дејности, а оваа година извршен продуцент на фестивалот е Здружението за култура и уметност „СПЛУНГ АВТОРИ – Театар 007“.
Во рамките оваа Програма ќе се реализираат низа активности кои треба да го дефинираат концептот за отворање на Центар за креативни индустрии, кој во себе ќе обедини области како што се: архитектура, дизајн, визуелни уметности, видео-игри, ТВ продукција, ИТ технологија, изработка на програмски опреми за компјутери (софтвери), маркетинг, екологија, културно наследство и др.
Првиот фестивалски ден, ќе биде означен со конференција посветена на креативните индустрии, која ќе се одржи во атрактивното архитеконско решение, наречено игло.
Во ова архитектонско идејно решение, на 14 јуни, ќе биде поставен перформансот „Интерактивна вечера“, како и моден перформанс во реализација на FASHION WEEK Македонија.
Во наредните два дена, ИГЛО, ќе биде домаќин на презентациите на најдобрите македонски производи:
– Презентација на работата на Фх3х студио од Македонија, кое соработува со престижните холивудски продукции
– Презентација на креативни грејни тела во реализација на „ЗАВАР“
– Презетнација на креативни дизајни на мебел во реализација на „ПУНКТ МЕБЕЛ“
– Презентација на идејни софтверски решенија на „Inteligent Softwern Solution“
– Презентација на концептуална мода во реализација на „ЛУДУС“