Македонски поет, критичар и есеист Јовица Тасевски – Етернијан во текот на месец јуни ќе добие ексклузивно претставување во секој викенд број на американското книжевно списание „Бук Тајмс“.
Редакцијата на списанието го издвои Етернијан меѓу одбраните автори на кои им е испратена понуда за обезбеден посебен простор во одредени броеви за објавување на избрана песна, проследена со краток приказ на неговата поезија.
Инаку, списанието неодамна беше објавен прилог за неговата книга „Синтакса на светлината“, во кој беше истакнато дека неговите песни се „исполнети со инвентивни и импресивни поетски слики, базирани на трансцендирањето како креативен принцип“. За поезијата на нашиот автор се вели дека „се одликува со сложен стил, високо конотативен поетски израз, интелектуална и духовна длабочина, која може да се спореди со поезијата на Томас Стернз Елиот“.