Фестивал на аматерски документарен филм „Камера 300“

Во тек се подготовките за 20-от јубилеен Меѓународен фестивал на аматерски документарен филм. Организаторот, Студиото „Милтон Манаки“ од Битола најавува богата прогама.

Фестивалот, кој ја оценува пред се камерата на која и посветен,оваа година е под покровителство на Светската организација на непрофесионален филм УНИКА, а за прв пат ќе биде доделена и специјална плакета УНИКА.

Јубилејното 20-то издание на овој фестивал ќе почне на 30 октомври кога ќе бидат прегледани и оценувани 30 аматерски документарни филмови од повеќе држави, а прв пат и од САД.

Годинава меѓународното стручно жири го предводи Илинденка Петрушева, а негови членови се и Станимир Трифонов, професор по режија од Бугарија, Недељко Деспотовиќ, режисер од Србија, Демитриос Павлидис, уметник од Грција и Јован Ристевски, режисер од Македонија.

Во рамки на Фестивалот ќе биде организирана посебна програма, сеќавање во чест на прерано починатиот мајстор на аматерскиот филм Богоја Стојковски-Пусторекански, кој на фестивалот во Битола бил повеќепати наградуван.

 

You May Also Like