Вечер во 20:00 часот на сцената на Народниот театар во Штип, на репертоарот е претставaта „Хасанагиница“.
Претставата „Хасанагиница“ е работена според текст на Љубомир Симовиќ, во режија на Драгана Милошевска Попов, а со Јелена Јованова во насловната улога и Ефтим Трајчов како нејзин партнер.
Во оваа сторија за распадот на едно семејство во што голем удел има политиката, уште играат: Миле Вратеовски како Хасанага,Владимир Тулиев, Руиш Беговска, Елица Арева и останатите актери на ансамблот на Штипскиот театар. Сценограф е Владимир Ѓоревски Рафик, Марија Пупучовска ги изработи костимите, а музиката ја напиша Марјан Нечак.