На две локации во околината на Битола режисерот Дарио Јанковиќ го снимаше новиот видео запис на Ристе Тевдоски за песната „Да не беше ти“ која тој ја изведе на овогодишното издание на Охрид Фест и која доби и своја верзија на хрватски јазик „Знам да не ваљам“.
Спотот кој што ќе биде во ретро стил од 70-те го разубавија Ангела Генадиева и 11-годишниот Петар Змејковски кој одлично ја одигра својата улога.
– „Да не беше ти“ е веќе голем хит на радио станиците низ Македонија и среќен сум што оваа прекрасна композиција ќе биде овековечена со видео запис. Самата песна изобилува со многу емоции, така е отпеана, а таков ќе биде и самиот спот “ – изјавува Ристе.
Промоцијата на видео записот за песната која е авторско дело на Дамјан Лазаров (музика и аранжман) и Елвир Мекиќ (текст) ќе се случи на Макфест 2011 каде Ристе ќе настапи со нумера од истите автори, а официјалната ТВ промоција ќе биде на естрадниот магазин Бекстејџ.
Свое видео издание ќе добие и хрватската верзија на песната „Знам да не ваљам“.
Проследете го неговиот последен голем хит „Ако се предадеш на друг“.
Riste Tevdoski – Ako se predadesh na drug by alek_careca