Eднодневната работилница (10:00-15:00) ќе се одржи на 2 април 2014 година, е организирана од „Младите можат“ како follow-up активност од проектот „Make a change:Be a volunteer.“
Во Повикот организаторите велат: „
Заинтересиран си? Средношколец си?
Аплицирај со пополнување на апликацијата на следниот линк: https://docs.google.com/forms/d/1ORna3MfisxCcWZVyLKpET6U7yLa_6GgE611-0ysGbrU/viewform
најдоцна до: 28.03.2014
Целта на оваа работилница е да се соберат на едно место млади, припадници на различни етнички групи и заедно, преку дискусија, дијалог и неформални методи да придонесеме за намалувањето на дискриминацијата, за подобрување на соживотот и да ја поттикнеме толеранцијата меѓу младите.
Да му покажеме на општеството дека ваква промена е возможна!
Веруваме дека во сите нас постои моќ за да предизвикаме промена, потребна е само желба. Бидете дел од групата која ќе придонесе кон промената на ова општество и придонесете да изградиме едно хармонично општество во кое ќе се почитуваат вистинските вредности.
Ајде сите заедно да ја започнеме борбата против дискриминацијата, бидејќи добро општество значи хармонично општество“.