Aдаптација на текст од „Шведската академија за детски книги“ насловен „17 Причини да ги сакаме детските книги“. Добри аргументи, дефинитивно! 😉
1.Книгите не развеселуваат и восхитуваат. Тие знаат да не насмеат и да не расплачат, не утешуваат и ни покажуваат нови можности.
2. Ни помагаат во развој на речникот, во учење на нови зборчиња.
3. Книгите ја развиваат нашата фантазијата. Не учат да се замислуваме длабоко.
4. Тие го развиваат нашето мислење, ни даваат нови идеи и предизвици. Ни ја шират свеста и сознанието за светот.
5. Книгите не запознаваат со други земји и обичаи, ни раскажуваат за природата, техниката, историјата …за се она за што сме љубопитни.
6. Книгите не учат да развиваме сочуство кон блиските. Ни даваат шанса да се ставиме на нивно место и да ги разбереме нивните емоции.
7. Не тераат да се замислиме што е добро или лошо, правилно или погрешно.
8. Тие ни го објаснуваат светот околу нас и врските меѓу нештата во него.
9. Можат да ни покажат дека не секогаш има само еден правилен одговор, дека на една иста работа може да се погледне од повеќе различни гледни точки.
10. Книгите ни помагаат да се разбереме себе си. Стануваме поуверени,кога знаеме дека постојат и други кои се осеќаат како нас.
11. Преку нив разбираме дека во секој од нас има нешто различно. Читањето на книги од автори кои живееле во различни времиња и култури ја зголемува нашата толеранција. Така чувствуваме помалку предрасуди.
12. Добра детска книга може да биде читана и на глас. На тој начин би уживале и младите и возрасните во неа. Таа е како линк меѓу генерациите.
13. Книгите ни прават друштво кга сме осамени. Лесно може да ги понесеме насекаде со нас, а моѓе и да ги позајмиме бесплатно и од библиотека.
14. Книгите се дел од нашето културно наследство.
15. Добра детска книга може да биде читана и на глас. На тој начин би уживале и младите и возрасните во неа. Таа е како линк помеѓу генерациите.
16. Детските книги обезбедуваат работа за многу луѓе: автори, илустратори, уредници, графички дизајнери, лектори, фотографи, библиотекари, издавачи и други. Книгите за деца придонесуваат за побогат културен живот. Тие се важни извозни културни репрезенти на нашата држава, што ја прават позната во светот.
17. Книгите за деца се нашиот прв контакт со литературата, еден бескраен свет кој постои до крајот на нашите животи.
Лазар Ѓорѓиевски