Овој месечник e вовед во градскиот имиџ, дебармаалксите вкусови и мириси, боемијата, културата и подзаборавените вистински вредности на животот, преку легендарните ликови на Скопје.
Од утре (21 октомври 2014) излегува првиот број на новиот месечен весник – Дебар Маало Тајмс.
Весникот е првиот урбан медиум во Македонија, кој ќе биде водич низ сентиментот и носталгијата на срцето и душата на градот – Дебар Маало.Тој истовремено и ќе информира за новостите и настаните кои во ова маало се случуваат денес и ќе преставува градско четиво за сите дебармаалски, и не само дебармаалски генерации.
Овој месечник e вовед во градскиот имиџ, дебармаалксите вкусови и мириси, боемијата, културата и подзаборавените вистински вредности на животот, преку легендарните ликови на Скопје. Дебар Маало Тајмс е единствениот весник кој е ослободен од фрустрацијата наречена политика и „големите теми“ на секојдневието; тој има за цел да биде весел, да релаксира и на духовит и оригинален начин на голема врата да го донесе она што недостасува, а тоае доброто расположение. Неговата идеја е да го отслика оној вистински дебармаалски шарм и дух, да ги раскаже автентичните приказни на ова маало и да ја пренесе традицијата и историјата која овде со децении се пишува.
Основачи на Дебар Маало Тајмс се ортодоксните дебармаалци Зоран Блажевски (или Зоки Малиот – Џубокс) и Милан Банов – Карамба, кој истовремено е и главен уредник на весникот.
Весникот е бесплатен, а ќе го пронајдетена масите восите дебармаалски кафеани, меани, гостилници, ресторани, хотели, таверни, пицерии, кафулиња, клубови и практично насекаде каде вее духот на Дебар Маало.