Успех на македонскиот бадминтон

На 19 и 20 април, во Белград се одржа големиот меѓународен турнир во бадминтон -јуниорска конкуренција – “Beograd International 2014”, на кој учество земаа повеќе од 80 натпреварувачи од 12 земји. Боите на Македонија на овој турнир ги бранеа нашите најдобри јуниори во категорија до 15 години. За одбележување е настапот на Петар Живковски, Ели Кржаловска и Марта Димовска.

badmington_federacija_uspeh_vo_srbija

Надежниот Петар Живковски, стигна до Бронзениот медал во категоријата машки единечно по победите над претставниците на Романија, Србија и Бугарија, а во борбата за финале беше тесно поразен од натпреварувачот од Хрватска со резултат 16:21 и 18:21.

И нашите две најдобри девојки до 15 години, Ели Кржаловска и Марта Димовска во категоријата женски двојки се закитија исто така со Бронзен медал по победата во борбата за трето место над претставничките на домаќинот Србија во два сета и тоа 21:17 и 21:14.

„Овој успех, секако ќе биде поттик за уште побрз развој на бадминтонот како спорт во Македонија, позитивен сигнал за Бадминтон Федерацијата дека се определила за вистинскиот правец и потврда на телата од Европската и Балканската Асоцијација дека со право ни ја доделија организацијата на Балканскиот Шампионат кој ќе се одржи од 11 до 14 септември во Охрид – истакна Претседателот на Бадминтон Федерација-та на Македонија, г-дин Стефановски Диме, честитајќи им го уште еднаш постигнатиот резултат на Петар, Ели и Марта“- јавуваат од Бадмингтон реперезентацијата.

You May Also Like