Промовирана книгата „Дневникот на хулиганот“ на Сашо Димоски, синоќа во велешкиот Народен театар …
Во велешкиот Народен театар синоќа беше промовирана книгата „Дневникот на хулиганот“ на Сашо Димоски, а актерот Васил Зафирчев на сцена изведе перформанс. По изведбата на перформансот на Зафирчев, авторот Димоски им ја потпишуваше книгата на читателите кои го купија неговото дело.
– Кога книгата некој ја вградува како уметност, тоа е растење внатре во душата и тоа за мене се прекрасни чувства, потенцира Димоски.
Ова е трета промоција на книгата на Димоски. Книгата досега се промовираше пред публиката во Скопје и Битола, а по Велес ќе биде промовирана и во Охрид и повторно во Битола. Од септември ќе се продолжи со промоција и во другите градови во Македонија.