Свечено затворање на фестивалот „Џифони“

Денеска (12 октомври, недела) се затвора уште едно успешно издание на Филмскиот фестивал за млади “Џифони Македонија”.

05 giffoni

Свеченото затворање е со почеток од 20:00 часот во кино Милениум. Инаку, богатата програма којa ја понуди фестивалот во изминативе пет дена на младите учесници од категориите +10, +13 и +16 години, им овозможи на интересен и забавен начин, да дознаат нешто повеќе за себе, за другите, за пријателството, филмот и културата воопшто.

Организаторите информираат: „Ни претставува огромно задоволство да ве информираме дека Агенцијата за филм на Република Македонија и Здружението за ширење на филмската култура Џифони – М во рамките на фестивалот ги вклучуваат и децата од Домот без родители „11 Октомври“ кои во текот на утрешниот ден во зависност од возраста ќе се приклучат во следниве активности:

– дваесет и пет деца од Домот со почеток од 14:30 часот, бесплатно во киното Синеплекс ќе го проследат филмот „Exit Marrakech“ и

– дваесет деца од Домот со почеток од 9:00 часот, заедно со младите 10+ во Кинотеката на РМ ќе го проследат филмот „The Great Bear“.

Воедно би сакале да ве информираме дека свеченото затварање освен што ќе биде посветено на младите кои се креатори на нашиот фестивал, нивните дела и самостојни креации создадени на работилниците во Џифони, тоа ќе биде и посветено на хуманитарна акција за децата од Домот без родители “11 Октомври”.

Младите дел од Џифони Македонија ќе ја покажат својата хуманост како највозвишена човекова особина преку донација на средствата кои ќе бидат собрани од продажбата на своите дела и креации создадени во текот на петте фестивалски дена и преку самостојни донации“ – велат од организацијата на фестивалот.

You May Also Like