Македонија на Берзата за археолошки туризам во италијански Салерно

Археолошки богатства, вкусна храна и природа. Предизвикаа интерес античките градови, мегалитската опсерваторија Кокино, како и убавите цркви од визнатиско време …

arheo turizam italija 5Со голем интерес кај италијанската и светска публика помина претставувањето на културните богатства на Македонија на 17-то издание на Берзата за археолошки туризам во Италија, која од 30 октомври до 2 ноември се одржа близу градот Салерно во Италија. Македонија прв пат се претстави на овој меѓународен археолошки настан презентирајќи публикации и видео материјали за Стоби, Хераклеја, Кокино, Скупи, Билазора и многу други археолошки наоѓалишта, градови и цркви. Нашата земја беше вистинско изненадување за многу од присутните.

Интерес предизвикаа античките градови, мегалитската опсерваторија Кокино, како и убавите цркви од визнатиско време. Речиси немаше посетител кој остана рамнодушен пред ранохристијанските мозаици од Хераклеја, Лихнид и Стоби, а многу од нив беа заинтересирани за туристичките понуди и планираа посета на земјата. Во рамки на археолошкиот саем имаше и дегустација на македонски вина и традиоционална храна, што дополнително придонесе за посетеноста на домашниот штанд. Претставник и организатор на 17-то издание на Берзата за археолошки туризам во Италија беше Министерство за култура –Управа за заштита на културното наследство.

arheo turizam italija 4

Покрај Македонија, оваа година учествуваа повеќе од дваесет земји од цел свет, меѓу кои Србија, Бугарија, Хрватска, Албанија, Словенија, Аргентина, Малта, Португалија, Венецуела, Романија и други, а земја во фокус беше Азербејџан. Саемот беше посетен од илијадници луѓе и беше проследен од новинари од цел свет.

Берзата за археолошки туризам во Салерно почнала да се реализира од 1997 година. Според податоците на организаторите, секоја година има неколку илијади посетители од цел свет, стотици новинари, како и излагачи и претставници на УНЕСКО, ИКРОМ и други организации.

arheo turizam italija 3

You May Also Like